EN | МК
1 2 3 4
Јаболка за учениците и за професорите од Ресен Умно решение: Собирање на плодовите од технологијата Првиот брод за мониторирање на водите на Преспанското Езеро ја почна својата мисија Обновувајќи ја надежта за иднината на Преспанското Езеро

Модерната технологија може да се искористи за надминување на проблемите за пристап до информации.

,,Него сите го знаат од цртаните - малечкото црвче од јаболкото, вели Ефтим Петковски, вадејќи ја со ноже ларвата од црв од јаболко во неговиот овоштарник во Ресен. ,,И не е лага, вели, - ако ние фармерите не испрскаме на време против нив, целиот род ќе ни биде загрозен. Навременото прскање е главно против овие штетници. Морате да предвидите кога ќе тргнат во акција, а може да се работи и за часови. Прскањето прерано или предоцна е многу понеефикасно, а и многу поскапо, бидејќи ви требаат поголеми количини, некогаш дури и три пати поголеми од нормално. А можете само да си замислите што и прави тоа на природата...

Преголемата употреба на пестициди меѓу овоштарите во Ресен е утврдена како значајна причина за убавиот, но еколошки ранлив регион на Сливот на Преспанското Езеро. Тоа го загрозува живеалиштето на повеќе од 2.000 видови на птици, риби и цицачи, вклучувајќи и многу загрозени видови кои се ендемски за Преспа и за прастарото слатководно езеро.

УНДП минатите години, во тесна соработка со општината Ресен и со Глобалниот еколошки фонд и Швајцарската агенција за развој, работи на проекти за зголемување на свеста за опасностите од пестицидите, и за помагање на локалните фармери да усвојат земјоделски практики кои би биле повеќе еколошки одржливи. Овие напори веќе доведоа  до мошне забележливо намалување од 30%  на пестицидите кои фармерите ги користат во сезона, што е добра вест за животната околина , но и за самите фармери кои си заштедија значајни суми пари.   

,,Порано со штетниците се справувавме расфрлајќи се,” вели Петковски, ,,и тоа најмногу заради недоволно знаење на нас овоштарите. А тоа и не е целата приказна. Проблемот на утврдувањето на точното време за прскање е проблем на сите фармери. Се работи за брзината на известувањето на луѓето, што всушност е технички проблем кој бара техничко решение.”

Првиот голем чекор за техничко решавање на проблемот е направен 2005-та година, со воспоставувањето систем за набљудување на штетниците и на болестите.  Системот, развиен од УНДП, во соработка со општината Ресен, вклучува и поставување на шест агро-метеоролошки набљудувачки станици, кои работат на соларна енергија, како и на неколку феромонски замки за инсекти. Набљудувачките станици ги собираа сите неопходни податоци, но остана проблемот како информациите да се достават до фармерите шето е можно побргу. Во Ресен нема локални медиуми, па во минатите осум години мораше да се смета на информирање на луѓето на плоштадот, што, пак, е далеку од идеално за соодветно и брзо информирање на сите фармери.

,,Предизвикот, како и секогаш кога е развојот во прашање, беше да се обезбеди одржливост на долги патеки,” објаснува Димитрија Сековски од УНДП.  ,,И, во овој случај, главен фактор за оддржливоста беа средствата потребни за тоа. Знаевме дека ни треба поевтино решение за проблемот за известување. И најдовме токму такво – иновативен начин за информирање, чиј развој не чинеше помалку од 1.000 долари.”

Одејќи меѓу јаболкниците во својот овоштарник, Петковски го зема мобилниот телефон и го отвора менито за пораки. ,,Еве ми ја СМС пораката што ја добивме за црвот во петокот“, вели тој, покажувајќи ја пораката:

Јаболкниците во областа на селото Рајца се зафатени со црв. Јаболкниците треба да се испрскаат во следните 10 дена. За повеќе податоци посетете ја Фејсбук страничката или јавете се во Асоцијацијата на фармери. 

,,Таа порака стаса до секој фармер во селото Рајца чие име е регистрирано од локалната Асоцијација на фармери”  вели Петковски, ,,па така можевме да испрскаме пред црвите да можат да се рашират. Само една навремена информација ни спаси многу од овошјето.

Иновативниот систем за известување со СМС пораки го разви УНДП, во соработка со Факултетот за компјутерски науки на Универзитетот Свети Кирил и Методиј од Скопје.  Покрај СМС пораките, системот го користи и Фејсбук. Истиот администратор (стручњак за контрола на штетници), кој е одговорен за испраќање на СМС пораките, е одговорен и за страничката која Асоцијацијата на фармерите  ја има на Фејсбук, што дополнително го зголемува нивото на достапност на навремените информации.

,,Единствениот вистински предизвик во моментов, вели Сековски, е ,,да се обезбеди работното место на администраторот, чија плата во моментов е поддржана од фондови на УНДП, во иднина да стане постојана позиција во рамките на Асоцијацијата на фармери. Ниските трошоци и едноставноста на примената го прават системов многу применлив и во други општини ширум земјата. ,,Ова само покажува колку ефективна може да биде модерната технологија во надминувањето на проблемите за пристап до информации.

Заедно со Проектот за заштита на Преспанското Езеро, кој, поддржан од УНДП и од Швајцарската агенција за развој и соработка, трае веќе шест години, новиот систем за известување ќе придонесе за натамошно менување на земјоделските практики во регионот, обезбедувајќи одржлива иднина за уникатниот еко систем на езерото Преспа.




 

Пребарувај...

Loading

Огласи


Галерија

Корисни линкови