EN | МК
1 2 3 4
Јаболка за учениците и за професорите од Ресен Умно решение: Собирање на плодовите од технологијата Првиот брод за мониторирање на водите на Преспанското Езеро ја почна својата мисија Обновувајќи ја надежта за иднината на Преспанското Езеро

Порано правевме многу нешта без да размислуваме за влијанието на околината," вели Науме Тосковски, производител на јаболка во регионот на Преспанското Езеро. Не знаевме дека ако ги фрламе јаболката тоа ќе ја загади водата. Можеби приказната е друга со пестициди и ѓубрива – земјоделците се секогаш во искушение да ги искористат овие хемикалии премногу и знаеме дека се штетни за природата – но едноставно не знаевме колку беа штетни. До неодамна, не знаевме дека постајат било какви подобри алтернативи."

Земјоделските практики во овој еколошко ранлив регион – кој е дом на околу 2.000 вида на птици, риби и цицачи – беа идентификувани како голема причина за загадување на старите слатки води. Со текот не годините, многу илјадиници тони расипани јаболка беа фрлани на бреговите. И прекумерната употреба на пестициди и ѓубрива беше честа практика со децении. Во комбинација со ефектите на ерозија и недостатокот на било каков систем на управување за третман на отпад и отпадни води, овие земјоделски практики резултираа со сериозно влошување на здравјето на езерото, претставувајќи закана на живеалиштето на многу загрозени видови кои се уникатни за Басенот на Преспанското Езеро.

 УНДП, со средства од ГЕФ, тесно соработува со локалната Општина Ресен многу години за да го обнови здравјето во еко-системот на Преспа – помагајќи им на земјоделците да усвојат повеќе одржливи земјоделски практики, подигајќи ја јавната свест за загриженост за околината, истражувајќи решенија за сложените проблеми со загадување во водните тела и развивајќи обемен план за управувањето со сливот во иднина.

 Овие напори веќе резултираа со 30-процентно намалување на количината на пестициди кои земјоделците ги користат секое годишно време. И непроценливото искуство и знаење кое ќе се стекне во врска со идентификувањето и справувањето со притисоците на водните тела создаде силна основа за развој на нов 6-годишен проект кој во голема мера ќе го подобри здравјето на водите.

 Новиот Проект  за заштита на Преспанското Езеро” – им помага на стотици земјоделци да научат и применат повеќе еколошко-одржливи практики, вклучувајќи и модел на овоштарник за да се прикажат многуте бенефити од намалувањето на користење на ѓубрива и пестициди.

 Со дарежливо финансирање од Швајцарската агенција за развој и соработка од преку 5 милиони американски долари, проектот воведува Систем за Мониторинг на Езерото и Систем на Управување со ултра-модерна лабораторија за да се осигура дека локалните капацитети се доволни за да се одржи долгорочното здравје на еко-системот.

Проектот ќе ги допримени препораките од Планот за Управување со Преспанскиот слив, развиен со поддршка на УНДП во 2001-2та година. Овие вклучуваат опсежно повторно пошумување за да се сузбијат ефектите на ерозија, воведување на техники за обновување на мочуришта за да се контролираат поплавите и филтрира водата на Голема Река, и надградувања на управување со отпадни води на природна база.

 Овие подобрување во земјоделските практики и управување со сливот во голема мера ќе ги намалат притисоците на езерото, конечно доведувајќи го под контрола штетниот процес на еутрофикација. На овој начин, многуте ретки и загрозени видови во регионот ќе имаат многу поголема шанса да преживеат.

 А бенефитите од проектот ќе ги почувствуваат и локалните жители. Земјоделците ќе заштедат пари користејќи органски компост и поефикасни методи на контрола на штетници и наводнување. Вода со подобар квалитет ќе биде достапна за сите граѓани на општината, додека пак почистото езеро ќе биде попривлечно од аспект на туризам како извор на приход како алтернатива на земјоделство.

 Со овој проект, ние влегуваме во нова фаза на соработка со нашите главни партнери, " вели постојаниот претставник на УНДП, Диадра Бојд. Заедно со општината Ресен и Министерството за Животна Средина и Просторно Планирање, посветени сме на голем долгорочен проект од чии резултати бенефит ќе имаат локалните жители и еко-системот во овој прекрасен дел од земјата. Самиот проект е резултат на долгорочната соработка и се надеваме дека ќе служи како модел на инклузвен одржлив развој. "



 

Пребарувај...

Loading

Огласи


Галерија

Корисни линкови